All news
28.11.2022.

Diners Club во Македонија нов партнер на ORYX Assistance

ORYX Assistance Македонија од 28 ноември 2022 година има нов партнер Diners Club International MKD Скопје, водечка македонска картична куќа. Клиентите и корисниците на Diners Club International MKD Скопје од сега можат да избираат помеѓу следните производи од портфолиото на ORYX Assistance:  

  • Roadside ORYX Assistance – помош на пат во пакетите Македонија, Регион и Европа (што вклучува апликацијата Drive Angel) 
  • Home ORYX Assistance – помош дома во пакетите Основен и Екстра 

 Со оваа соработка Diners Club International MKD Скопје покажува дека водечката позиција на пазарот е обезбедена за компаниите кои се грижат за своите клиенти, овозможувајќи им директен бенефит преку понудата на дополнителни услуги. Diners останува доследен на обврската за пружање на извонредно корисничко искуство и максимални предности пред останатата конкуренција. Производите се достапни за клиентите на Diners Club International MKD Скопје кои склучат договор за некоја од трите Diners картички што содржат асистентски производи. 

 Производот Roadside Assistance овозможува користење на услуги за техничка помош на пат, сообраќајна незгода, дефект на возило, невнимателно ракување или надворешно влијание на подрачјето на  Македонија, Регион и Европа. 

 Производот за помош во домот Home Assistance вклучува бенефиции во форма на итни интервенции со цел да се спречи понатамошно оштетување на објектот и предметите што се наоѓаат во објектот, загрозување на здравјето или безбедноста, како и непримерен престој на корисниците поради штета настаната во објектот на подрачјето на Северна Македонија.  

 Нарачка на производите и повеќе информации може да се добијат од 0 до 24 часа, 365 дена во годината на телефоните на ORYX Assistance: 0800 11 305 (за повици во Македонија) или на +389 23 204 250 (за повици од странство).